Турските власти уапсиле 60 поранешни припадници на безбедносните служби, осомничени за поврзаност со неуспешниот воен удар.
Државното обвинителство во Анкара издаде налози за приведување на вкупно 108 пензионирани или суспендирани полицајци кои се товарат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО и обид за воен удар кој таа организација го изведе на 15 јули минатата година.
Меѓу осомничените е и еден поранешен директор на полицијата, како и неколку поранешни полициски командири и комесари.