Започна судскиот процес против 32-ца вработени на турскиот весник „Заман“ кој се поврзуваше со исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој се смета за организатор на неуспешниот обид за државен удар од летото на 2016 година.
Меѓу обвинетите се и новинари и раководството на весникот „Заман“, кој државата ги затвори во јули минатата година.
Тие се осомничени за членство во вооружена терористичка организација и за обид за уривање на владата и на уставниот поредок.
На обвинетите им се заканува доживотен затвор.