Турските власти затворија 130 медиумски куќи, вклучувајќи три новински агенции, 16 телевизиски станици, 23 радио-станици и 45 дневни весници.
Во војската отпуштени се вкупно 726 официри и 1.684 војници, а двајца турски генерали од висок ранг поднесоа оставка.
Двајцата турски генерали од висок ранг денеска поднесоа оставка по масовното отпуштање во војската, јавува „Си-ен-ен Турк“.
Како што се наведува, станува збор за генерали на копнените сили со четири ѕвезди.
Официјално објаснување зошто поднеле оставка засега нема.
Турските власти вчера соопштија дека се отпуштени повеќе од 2.400 припадниците на војската.