Дваесет и пет осомничени членови и поддржувачи на екстремно десничарска терористичка група беа приведени изутрината за време на рациите низ Германија, соопшти федералното обвинителство.
Рации беа спроведени во 11 германски сојузни покраини, се додава во соопштението на канцеларијата. Осомничените уапсени се дел од терористичка група чија цел била да го урне постојниот државен поредок во Германија и да го замени со свој, а не го исклучува насилството врз државата како средство за постигнување на целта, соопшти канцеларијата, a прнесе ББЦ.
Планот на екстремистите бил да извршат вооружен напад врз парламентот и да ги држат во заложништво политичарите.
Осомничените се уапсени во германските покраини Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Хесен, Долна Саксонија, Саксонија, Тирингија, како и во Австрија и Италија, соопшти канцеларијата. Осомничените се обвинети дека се подготвувале, од крајот на ноември 2021 година, да извршат дејствија врз основа на нивната идеологија, велат од канцеларијата.