На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека во текот на вчерашниот ден за време на прославата на Денот на албанското знаме, кога беше уништено македонското знаме, се настани кои се директно насочени против македонскиот граѓанин.
-МВР одговори брзо и одлучно на сите кривично-правни настани кои се случија вчера. Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Четири учесници во тепачка, а другите 4 лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основата сомнение согласно член 319 од Кривичниот законик кое се однесува на предизвикување расна, верска и национална омраза за кое се предвидува казна затвор од 1 до 5 година. Еден од нив е малолетник, а тројца се млади лица на возраст од 18 до 21 година.Тие се веќе приведени и наскоро ќе бидат изнесени пред суд. Веќе е уапсено и лицето кое до црвен автомобил го кинеше македонското знаме, рече меѓу другото министерот Тошковски. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето.
– Тие се приведени, се наоѓаат во полициска станица и по насока на јавен обвинител по итна постапка ќе бидат изведени пред лицето на правдата, односно согласно информациите коишто ги имам, ќе бидат изнесени пред суд, а потоа судот ќе одлучи во рамки на своите законски надлежности, рече Тошковски.