Уапсени се лицата кои измачуваа животно среде улица

Сподели

 

Вчера (02.03.2023) на улица Благоја Стефковски во Скопје од страна на полициски службеници од ЕВР Гази Баба лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје при што измачувале коњ.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.