Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека од 21. јануари ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21 часот, а сите останати мерки остануваат во сила.
Согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот, – изјави министерот Филипче.
Со мерките се забрани и организирање и одржување прослави за новогодишните и верските празници.