УЈП ќе одржи јавна аукција и комерцијална продажба на предмети запленети од даночни обврзници

Сподели

Управата за јавни приходи на 30. јуни ќе одржи јавна аукција и комерцијална продажба на предмети запленети од даночни обврзници.

На продажба се нудат Форд Мондео за почетна цена од 2.500 евра, Опел Астра по цена од 2.800 евра, Фиат Пунто за 1.150 евра, камион Мерцедес за 12.600 евра, Цитроен Берлинго за 900 евра и цистерни по цена од 14.000 до 20.000 евра.

Освен возила се на јавната аукција на продажба се нудат и машини за шиење, мебел, гарнитури за седење, навлаки за столови и лежалки, перничиња и друга опрема за дом.

Повеќе детали за условите за учество во аукцијата, како и детална листа на предметите за продажба со почетните цени може да најдете ТУКА.