Управата за јавни приходи од денеска почнува со контроли во фирмите на Бојан Јовановски и кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет“.
–” Ќе постапиме во делот кој се однесува на даноците. Ќе ги контролираме Меѓународниот сојуз, „1ТВ“, „БМЈ груп“ и сите останати даночни обврзници за кои преку анализите сме утврдиле дека постоеле одредени деловни односи и соработка. Ќе направиме и контрола на сите засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за кои ќе ги утврдиме и исплатите кои се правени. Физичките лица ќе бидат контролирани по основ на остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок, а останатите даночни обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок.”
-“Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот” – додаде Лукаревска.