УЈП потврди дека е блокирана сметката на 1ТВ.
Од Управата во краток допис за медиумите само потврдуваат дека сметката на правното лице е под блокада. Од таму велат дека причините како и постапките кои се водат за овој предмет се даночна тајна.
„ Согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна.“ – велат од УЈП.