УЈП: СИМНЕТЕ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА ,,МОЈ ДДВ” И СКЕНИРАЈТЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ

Сподели

 

Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување преку следниот линк МојДДВ.

Сите вие кои сте регистрирани на системот “е-Персонален данок“, преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате баркодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ – соопштија денеска од УЈП.

Граѓаните кои не се регистрирани, ги повикуваме да се регистрираат на “е-Персонален данок и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ.

При симнување на апликацијата не се бараат никакви податоци. Единствено се бара дозвола за користење на камерата. При употреба на апликацијата е потребно да се најават на системот на УЈП и се користи постојното корисничко име и лозинка. Се користи безбеден криптиран пренос на податоците од корисничкото име и лозинката меѓу телефонот и системот на УЈП. Во системот за поврат на ДДВ не се чуваат лични податоци освен трансакциската сметка која е поврзана кон кориснички број и не може да се идентификува на кое лице припаѓа, се посочува во соопштението од УЈП.