ВМРО-ДПМНЕ должи 22 милиони денари за рекламен материјал за кампањата за избор на претседател на компанијата „Полиестердеј“, покажала контролата на Управата за јавни приходи.
Од УЈП велат дека ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во 2019 година склучила договор со „Полиестердеј“ за 1,3 милиони парчиња рекламен изборен материјал во вредност од 34.362.612 денари. Од седумте фактури што ги испратила фирмата, ВМРО-ДПМНЕ платила само 11.509.796 денари и останале должи 22.852.816 денари.
За реализација на договорот кон ВМРО-ДПМНЕ, „Полиестердеј“ вршела нарачка од шпанска компанија „Горфактори“ и од македонската „Монт“, која е ќерка фирма на „Орка“. „Полиестердеј“ во целост ја исплатила нарачката кон шпанската фирма, а останала должна кон „Монт“ во износ од 17 милиони денари, односно платиле само три милиони денари.
УЈП за случајот ги известиле МВР, Државниот завод за ревизија и Антикорупциска комисија каде е предаден и целиот материјал.