Градот Скопје ги информира граѓаните дека од денеска (13.03.2020 година) жичницата на Водно нема да работи, во согласност со мерките и препораките за заштита од корона вирусот.
Од денеска нема да сообраќаат ниту трите бесплатни автобуски линии до Средно Водно (со броевите 25, 25А и 25Б), а во согласност со тоа, во катната гаража „26 Јули“ паркирањето ќе се наплаќа секој ден од неделата, според утврдениот тарифник. Поради воведените мерки и препораки за заштита од корона вирусот, паркирањето на Средно Водно исто така ќе се наплаќа секој ден, според утврдениот тарифник.
Градот Скопје навреме ќе ги информира граѓаните за секоја промена на новонастанатата ситуација во нашата земја.