Приватната уметничка колеција на Дејвид Боуви ќе биде откриена за јавноста за првпат.
Животот на музичарот како колекционер беше нешто што тој го чуваше целосно тајно од јавноста.
Но, сега, речиси 300 дела на уметници, вклучувајќи ги Демијан Хрст, Хенри Мур и Маркел Душам, ќе бидат изложени на аукција во Лондон, пред да бидат продадени во ноември.
Се проценува дека сликите може да достигнат цена и над 10 милиони фунти.
„Колекцијата на Дејвид Боуви нуди уникатен поглед кон личниот свет на еден од најкреативните духови на 20 век“, велиОливер Баркер, директор на галеријата „Sotheby“ во Лондон.
Поголемиот дел од делата се од британски уметници од 20 век, со фотографии од Стенли Спенсер, Патрик Колфилд и Петер Ланион.
Роден и израснат во Јужен Лондон, Боуви беше, исто така, обожавател на хроничарите Леон Кософ и Франк Оербах.
Тој, исто така, бил фасциниран од британските пејзажи и собирал дела од уметници како Џон Вирту. Седум од неговите монохроматски дела се вклучени во продажбата.
На акцијата ќе се најдат и 267 слики, повеќе од 120 предмети од 20 век и скулптура.
Парите од продажбата ќе бидат за фамилијата на Боуви, но не поради пари, туку поради недостиг на простор.
radiomof.mk