Уништени околу 170 килограми дрога во Дрисла

Сподели

Денескаво регионалната депонија Дрисла беа уништени околу 170 килограми разни видовидроги и психотропни супстанци кои потекнуваат од кривичните дела недозволено тргување со опојни дроги, психотропнисупстанци и прекурсори што полицијата ги расветли во изминатиот период, а закои кривични дела надлежните судсови веќе донесоа правосилни судски пресуди.

Уништени се околу 128 килограми марихуана, околу шест и пол килограми хероин, околу 20 килограми хашиш, околу половина килограм кокаин, растенија и семки од канабис, како и амфетамини, потоасинтетичка дрога екстази и други прекурсори и психотропни супстанци.

„Воделот на сузбивањето на недозволеното тргување со дрога МВР во континуитет презема интензивни оперативни мерки и активности. Годинава статистички гледано бележиме пораст на бројот на расветлени кривични дела од оваа област“, рече министерот Спасовски.

Спореданалитичките податоци за периодот од почетокот на 2018 година заклучно сокрајот на месец ноември откриени се вкупно 681 кривично дело од оваа област, аод нив 582 кривични дела се класифицирани како “неоовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги ипсихотропни супстанци“, за што пак кривично беа пријавени 674 сторители  Останатите 99 кривични дела се подведени под казненениот член  – “овозможување на употреба нанаркотични дроги“, и по однос на нив кривично пријавени се  104 сторители. 

Во рамки на овие активности за сузбивање на трговијата со дрога откриени и запленети беа околу еден тон и 500 килограми марихуана, вклучувајќи ја изаплената од 515 килограми опојна дрога марихуана наменета за турскиотнарко-пазар што што завчера беше реализирана на ГП “Богородица“.

Исто така во текот на оваа година беа откриени и запленети хероин, кокаин, хашишово масло, екстази и таблетиметамфитамин, како и мешавини од разни психотропни супстанци.  Откриени беа седум криминални организирани групи во кои 35 лица се државјани на Република Македонија, а петмина државјани на Албанија. Исто така од особена важност е што беа откриени и спречени осум меѓународни канали за шверц на дроги.