Извршени се три напади врз густо населени области, вклучувајќи ја и џамијата за време на молитва, се вели во извештајот на УНИЦЕФ
ЖЕНЕВА (АА) – Во воздушните напади на градот Ал-Курија, во источниот дел на Сирија, загинаа 25 деца, објави Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ).
“Извршени се три напади врз густо населени области, вклучувајќи и една џамија за време на молитва”, се вели во извештајот на УНИЦЕФ.
УНИЦЕФ објави дека здравствените работници потврдиле дека за време на викендот извлекувале безживотни тела на деца од урнатините на Ал-Курија, во источната сириска покраина Деир eз-Зур. Со интензивирање на насилствата, нападите врз децата во Сирија стануваат вообичаени.
Од УНИЦЕФ се наведува дека ништо не ги оправдува нападите врз децата „без разлика каде и под чија контрола се живеат”.
Организацијата ги осудува нападите и ги повикува сите страни во конфликтот да не ги загрозуваат децата.