Уште една жртва од експлозијата во Романовце – почина 63 годишна жена

Сподели

 

Почина и шестата жртва од експлозијата во кумановско Романовце.

Како последица на силни изгореници, 63 годишна жена почина денес наутро, изјавија од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Ова е шеста жртва од експлозијата. На самото место на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години, подоцна во болница почина и 58-годишен маж, а пред три дена на здобиените повреди им подлегна и 36-годишна жена