Изминатaта сабота во Цреша Бар, граѓани, активисти, здруженија, компании, љубители на кучиња, соработници и пријатели на Лајка дојдоа на неколку часовна дружба и се приклучија во иницијативата за помош на бездомните кучиња згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка.
Благодарение на овие хумани граѓани беа собрани огромен број на донации како: ќебиња, прекривки, пешкири, креветчиња, околувратници, поводници, градници, храна, чешли, играчки, шампони, фенови, универзални средства за хигиена…
Покрај нив, Хотел Ибис и Велмар Кем како општествено одговорни компании не поддржаа во нашата мисија и донираа голем дел од својот асортиман за бездомните кучиња.
На овој хуманитарен настан посетителите имаа можност да се запознаат и дружат со кучињата ВАЛЕ, ШЕЛДОН и ПАША кои го имаат поминато хуманиот третман и за кои активно бараме дом.
На наше огромно задоволство на овој настан беа присутни и дел од нашите досегашни вдомувачи кои заедно со своите миленици од Лајка ја исполнија атмосферата со многу забава.