Успешно репатрирани 125 македонски граѓани од Стокхолм, Копенхаген и Ајндховен

Сподели

 

Министерството за надворешни работи информира дека вчера беше организиран лет за репатријација на вкупно 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија.

Репатрирањето беше реализирано во организација на нашите амбасади во Стокхолм, Копенхаген и Хаг, а во тесна соработка со генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.

Упатуваме благодарност до колегите од амбасадите на Шведска, Данска, Норвешка и Холандија за кооперативноста при репатрирањето на 27 странски државјани на летот од Скопје кон денешните дестинации, како и на надлежните институции на овие држави кои помогнаа во репатријацијата на нашите граѓаните.

Продолжува успешната соработка и со надлежните власти на САД и Австралија во непреченото враќање на нашите граѓани затекнати на другите континенти.

Во текот на денешниот ден предвиден е лет за враќање на македонските граѓани од Италија, соопштуваат од МНР.