Уставен суд има уште четири дена да се произнесе за СЈО, порача „Шарената револуција“

Сподели

13466096_1012889848788586_1358665221857063316_n-860x680

Остануваат уште четири дена, порача „Шарената револуција“ со натпис закачен на фасада во централното градско подрачје.

Како што напишаа на нивната страница на „Фејсбук“ на Уставниот суд му остануваат уште четири дена да се произнесе по иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

„Непочитуван Уставен суд (или како и да те нарекуваат), остануваат уште четири денови до рокот што ти го испорачаа граѓаните кои протестираат со ’Шарена револуција’ и ’Протестирам’. Насетуваме дека немате намера да се произнесете и дека со тоа можеби најавувате идно укинување на Специјалното јавно обвинителство. Мисли Уставен суд, размисли и присети се колку гнев има меѓу граѓаните и на што се спремни за да ја одбранат правдата“, пишува на страницата на „Шарената револуција“.

Уставен суд има уште четири дена да се произнесе за СЈО, порача „Шарената револуција“