Уставиот суд бара подготвителна седница за Законот за јазиците

Сподели

Со пет гласа „за“ и еден „против“ Уставниот суд одлучи прво да одржи подготвителна седница на која ќе бидат повикани странки – и оние што го оспоруваат Законот и оние што го поддржуваат, но пред се експерти. Откако уставните судии ќе ги слушнат мислењата, ќе го стават Законот на дневен ред па ќе одлучуваат.

За Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски најважно е како ќе се протолкува амандманот 5, но го прифаќа предлогот и е на мислење дека со подготвителна седница на која би присуствувале и други експерти, би се создал простор да се обратат до граѓаните и на тој начин да се убедат со доволно аргументи дека тие се уставно втемелени.

„Дали за еден, два, три месеци плус или минус, овој суд ќе донесе одлука“, рече претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Претходно судот информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност и замоли за воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на самата постапката особено во период пред Судот да расправа и да одлучува по предметот.