Уставниот суд ќе расправа за продолжување на мандатот на градоначалниците

Сподели

Уставниот суд на Република Македонија на 10 мај, ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон, со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори.

Иницијативите за продолжувањето на мандатот на градоначалниците и на советниците беа поднесени кон средината на април, од страна на Министерството за локална самоуправа, Министерството за правда и од Светскиот македонски конгрес.

Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, т.е. или на 7 или на 14 мај, но поради блокадата на Собранието, истекоа сите рокови за распишување на локалните избори во предвидениот термин.