Доделување на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Сподели

 

На 21 декември во Кристалната сала во Собранието, во 12 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката му се доделува на Ненад Георгиевски, а за остварување во областа на новинарството наградата му се доделува на Мијалче Иванов.