Утре, 17 септември, во период од 17.30 часот до 20.30 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на Град Скопје“, дел од централното градско подрачје ќе биде затворено за сообраќај, а возилата од јавниот превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменети траси од вообичаените, информираат од ЈСП.
Режим на движење
Линии 3, 3А и 3Б
- во насока од Аеродром кон Клинички центар/Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, па од кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар/Панорама
- во насока кон Аеродром, од Клинички центар/Панорама, по булевар „Мајка Тереза“, па ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите редовни траси
Линија 4
- во насока од населба „11 Октомври“ кон Хром , од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, од кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по булевар „Партизански одреди“ ќе продолжува по својата редовна траса
- во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 4А
- во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, од кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружниот тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата редовна траса
- во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 5
- во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, па улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ќе продолжува по својата редовна траса
- во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 7
- во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, од кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса
- во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 15
- во насока од Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, од кај Дом на печат ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса
- во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линии 21, 21A и 22
- во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, од кај Комплекс банки ќе продолжува по булевар „Крсте Петков Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса
- во обратна насока ќе сообраќаат по истата изменета траса
Линија 23
- во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат
- во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, па десно по улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 24
- во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, од кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса
- во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 25
- во насока од Транспортен центар кон Средно Водно, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе врти лево по булевар „Мајка Тереза“ и ќе продолжува по својата редовна траса
- во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линии 27 и 33
- во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат
- во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, па десно по улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линиии 50, 50А, 57, 57А и 59
- во насока на Клинички центар/Дом на печат/Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, а после мост „Гоце Делчев“ и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по своите редовни траси
- во обратна насока ќе сообраќаат по изменетата траса