Утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во Бугарија – идентификувани сите 45 жртви

фото БГНЕС
Сподели

 

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се  запали на автопатот Струма.

Нивната идентификација е направена со ДНК профили. 

Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.

Бугарската влада ќе помогне со обезбедување на два воени транспортни авиони и утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма“, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.