Утре на Школка – Кино на отворено со Скопје ЗОО

Сподели

 

Утре со почеток од 18:30 во Градски Парк на Школка во соработка со MFC MK,  кино на отворено со возбудливиот анимиран филм „Тајниот агент Мјау“.

 

 

Во оваа авантура главна улога има размазената мачка Марни која живее како принцеза, а нејзината сопственичка Розалинда ја размазува како дете. По наредба на злобниот брат на Розалинда, Марни е оставена во непознат свет, каде запознава нови другари и тука започнува нејзиното патешествие да се врати дома. Филмот е базиран на приказна од браќата Грим.

Настанот ќе се одвива според здравствени протоколи, влезот е бесплатен, а пред Школка ќе бидат поставени столчиња од каде што безбедно ќе може да се следи филмот.

 

Тука се и нашите пријатели- Бусто, Вива и Пелистерка кои подготвија подароци за сите посетители. Се гледаме во понеделник на „Тајниот агент Мјау“- кино на отворено во организација на Зоо Скопје.