Утре почнува теренска вакцинација во училиштата против морбили

Сподели

Од утре медицински персонал теренски ќе ги вакцинира по училиштата, оние што не ја примиле вакцината против морбили.

Одлуката доаѓа по прогласувањето на епидемија на морбили која е прогласена во целата држава. Комисијата за заразни заболувања донесе одлука да се забрани да се носат невакцинирани деца во градинките.

Според министерот за образование, Арбер Адеми, кампањата не е агресивна.

„Мислам дека воопшто не е агресивна кампањата, а треба да биде агресивна, имајќи ја предвид ситуацијата со која се соочуваме. Имаме епидемија и недозволиво е институциите да стојат со скрстени раце, туку треба да бидат поактивни, да излезат на терен и да ја подобрат ситуацијата“, изјави министерот Адеми.