Утре стигаат 100.000 вакцини на “Фајзер”, а во недела 250.000 дози “Синовак”

Сподели

 

„Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, а кинеските вкацини стигнуваат во недела со два авиони од 250 илјади дози и веќе е направен план за сместување. Верувам дека во понеделник и вторник ќе бидат пуштени во употреба“, изјави денеска министерот Филипче.

Министерот информираше дека во следниот период следува забрзано темпо на вакцинација, откако се покажало дека вакцините штитат и од индискиот сој на коронавирусот. Како што вели министерот, имало случаи во некои земји каде и вакцинирани се заразиле со индискиот сој, но во огромен процент минале со лесна клиничка слика и без хоспитализација.

Вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани, додека прва доза вакцина вчера примиле 3.263 граѓани. Вкупниот број на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 458.040 граѓани.