Утврден соодносот во Комисијата за избор и именувања

Сподели

Утврден е соодносот во Комисијата за избор и именувања, ВМРО-ДПМНЕ 6 членови, СДСМ 5, ДУИ и БЕСА по еден. Продолжува дебатата за тоа од која партија да биде претседателот на комисијата, дали од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ, пренесе Телма.

Во моментов има пауза по што ќе продолжи координатиувната средба што ја закажа претседавачот Трајко Вељановски. Средбата ќе продолжи во 15:30 часот и на неа треба да се предложат имињата на членовите на Комисијата.

 Средбата е закажана по иницијатива од СДСМ со поднесување на потписи од 67 пратеници за продолжување на конститутивната седница.

Според деловникот на Собранието, составот на Комисијата за избор и именувања се избира на конститутивната седница. Но таа седница беше прекината на 30 декември бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на Претседател на законодавниот дом.

Меѓу партиите постоеја несогласувањата околу партиципирањето на партиите во оваа комисија. СДСМ предлагаше соодносот да биде по 5 члена за нив и за ВМРО-ДПМНЕ, 2 за ДУИ и 1 од БЕСА. Додека пак ВМРО-ДПМНЕ бараше тие да имаат 6 членови во комисијата, СДСМ 5, и по еден од ДУИ и од БЕСА.