Утврден составот на новата Антикорупциска комисија

Сподели

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и за претседател ја предложи ревизорката Билјана Ивановска.

За членови на комисијата се предложени Владимир Георгиев, Софка Пејовска-Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемши Салаи.

При изборот на членови и претседател на Комисијата за спречување на корупцијата е почитуван принципот на соодветна и правична застапеност и на еднаква родова застапеност.