Вархеји денеска во Скопје на средби со државниот врв

Сподели

 

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, денеска со посетата на Скопје ќе има средби со државниот врв.

Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, по кој тој одржа прес-конференција и изјави дека Северна Македонија одржала стабилен напредок во делот на реформите, посебно владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Исто така Вархеји од Брисел порача дека целта на Европската комисија и на германското претседателство е првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи до крајот на 2020 година.

„Работиме заедно со бугарските власти и со властите од Северна Македонија, министерот за надворешни работи и заменик премиерот беа со мене минатата недела и ги охрабрив директно да се ангажираат и да работат со своите соседи бидејќи тоа е заеднички интерес да се најде решение кое е прифатливо за обете страни“, посочи Оливер Вархеји.

Денеска тој ќе одржи средба со премиерот Заев по која ќе одржат заедничка прес-конференција.