“Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Сподели

Денес во нашата кампања и со помош на Тони Зен му даваме видливост на Венко, на неговата приказна и долгата потрага по дом, информираат од ЈП Лајка.

Венко е околу 3 години во нашето прифатилиште и заради специфичноста на неговата раса е одлучено да биде задржан и да му се бара дом.
Но, 3 години подоцна и покрај интензивната потрага, никој досега не пројави интерес да го вдоми.
Венко е прекрасно куче, одлично се сложува со луѓе и заслужува да му се даде можност да биде нечиј најдобар пријател.

Како и сите наши кучиња така и Венко е кастриран, редовно вакциниран и прочистен од надворешни и внатрешни паразити.

Споделете, за следниот што ќе застане пред неговиот кафез да биде неговиот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!