Веб-страницата на ДИК повторно не е во функција

Сподели

 

Веб-страницата на Државната изборна комисија во моментов повторно е надвор од функција откакоо утрово беше достапна.

На сајтот на Државната изборна комисија ги има податоците за излезноста, но не и резултатите од изборите.

Страницата на ДИК беше надвор од употреба откако беше хакирана кратко по затварањето на гласачките места, кога се очекуваше да започне со објавување на прелиминарните резултати.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, информираше дека полицијата била известена за хакерскиот напад на веб-страницата на ДИК и дека станува збор за надворешен напад. Според него, станува збор за хакерски напад, кој предизвикал мало одложување на оперативната активност.