Вечерва во Кинотека “РАЈНСКО ЗЛАТО”

Сподели

 

РАЈНСКО ЗЛАТО (RHEINGOLD), Игран филм, Германија 2022, 139 мин., колор, ДЦП

Режија: Фатих Акин (Fatih Akin)

Сценарио: Фатих Акин, Гивар Хаџаби (Fatih Akin, Giwar Hajabi)

Улоги: Емилио Сакраја, Мона Пиразд, Хусенин Елиракви (Emilio Sakraya, Mona Pirzad, Hussein Eliraqui)

***РАЈНСКО ЗЛАТО (2022) е последниот филм на Фатих Акин, еден од најплодните и најуспешни режисери од современата германска кинематографија. Со овој филм тој ја продолжува неговата вивисекција на животот на емигрантите во Германија.

Филмот ја раскажува вистинската приказна на Гивар Хаџаби (Giwar Hajabi), со уметничко име Ксатап (Xataр), германски хип-хоп артист, издавач, продуцент и претприемач (го игра Емилио Сакраја). Гивар се навраќа на неговиот подем, од социјалните станови, до врвот на музичките топ-листи.

Откако пристигнува во Германија од Ирак во средината на 1980-тите, тој се наоѓа на дното. Целото негово семејство е затворено во Ирак и тој е сам во Германија, нему непозната земја. Тука има многу начини и можности да се дојде до пари и слава, но и уште повеќе пречки. Тој, сепак, од ситен криминалец станува голем дилер. Но, запаѓа во проблеми кога му исчезнува пратка со течен кокаин. За да го плати долгот за загубената пратка, Гивар планира грабеж на злато заедно со неколку соработници. Тоа на крајот ќе го одведе во пеколот на ирачкиот затвор. Но, Гивар е инвентивен и едно е сигурно, сака подобар живот и е подготвен напорно да работи за да стигне до него.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари