Вечерва во МКЦ Изложба „Носталгија“ на Драган Гелев

Сподели

 

Изложба „Носталгија“, на уметникот Драган Гелев, 18 септември, 20.00 часот, МКЦ Галерија
 
Драган Гелев e роден 1984 година во Штип. Основно и средно образование завршува во родниот град каде што и продолжува со студии на Педагошката академија. Со сликање се занимава од најраните училишни денови и продолжува до ден денес да ја негува сликарската уметност.
Од 2007 година работи и живее во Базел, Швајцарија. Автор е на повеќе од 200 авторски дела работени во различни техники (Масло на платно, акварел,к омбинирана техника, пастел). Неговата уметност припаѓа на модерниот експресионизам апстрактната уметност и акционото сликарство.
Досега неговите дела се изложувани на групни изложби во Базел и Цирих Швајцарија каде што живее и твори.
Првата самостојна изложба во Македонија ја имаше во јуни 2023 со која беше отворено 38-то Штипско културно лето.
Во месец Септември 2021 год од весникот Nau.ch бил прогласен за уметник на месецот.
 
Изложбата има хуманитарен карактер и сите средства од продадените дела ќе бидат донирани на фондацијата “др Симеон Василев”.
Изложбата трае до 30 септември
 
…Спонтаност,гестуалност, неочекуван ритам ,слободно струење на боите во ликовните дела и силна експесија –првиот впечаток со средбата на творештвото на македонскиот но и европски уметник Драган Гелев.
Сложенот и индивидуален опус на овој автор можеме да го гледаме дуално и двојако.
Творештвото на Драган Гелев припаѓа на перфомативно односно акциско сликарство бидејќи самото платно е акциона плотна на која уметникот делува со брзи потези и интензивни бои создавајќи метафора на човекова и уметничка слобода што предизвикува различни асоцијации кај гледачот или обичниот набљудувач.
Гелев е автентичен сликарски наратор на современото време,кој едиствените целини на апстракниот експресионизам го транспортира во простор на внатрешна имагинација. Открива архетипско во дијалог со себе и светот носејќи поуки и искуства со јазикот на апстракцијата.
Неговата уметност е еквивалентна на емоциите кои пленат со искреност ,духовен оптимизам и раскошна палета бои .
Маја Живановиќ-ликовен критичар.