Вечерва во МКЦ промоција на романот „Ние сме лудаци“ од Сашо Кокаланов

Сподели

ludaci

Романот „Ние сме лудаци“ од Сашо Кокаланов ќе биде промовиран вечерва во клуб-ресторанот МКЦ во 20 часот.

„Ние сме лудаци‘ е исконструиран и нестварен роман речиси колку животот. Ако отсекогаш сте мислеле дека никој и ништо не може да создаде понеобични и почудни нешта отколку што тоа го може самиот живот, еве текст-кандидат за натпревар. Натпревар на стварноста со пост-стварноста, на вистината со пост-вистината,.. натпревар на возови со шини, на спонтаност со режија, на политика со книжевност, на сатира со еротика, на хумор со безнадеж…

Романот „Ние сме лудаци“ од Сашо Кокаланов ќе го промовираат писателката Оливера Ќорвезироска, новинарот Звездан Георгиевски и драмскиот писател Сашко Насев.

Сашо Кокаланов (38) е новинар, драматург и романсиер. Пишува сатира и колумни за повеќе медиуми.

Автор е на три романи: „Самецот“ (2003), „Ноќ на железничката станица во Розендал“ (2004) и „Изабела, Исмаела и јас“ (2004).