Велигденски концерт на „Танец“ в петок во НОБ

Сподели

Националниот aнсамбл „Танец“ утре (19 април) со почеток во 20:00 часот ќе одржи велигденски концерт во Националната опера и балет во Скопје. Концертот е наречен „Велигден е, Ѓурѓовден е“ и се одржува во годината кога „Танец“ слави 75 години од основањето.

„На концертот ќе настапи целиот ансамбл – хорот, оркестарот, солистите и игроорците, а ќе биде изведена раскошна програма, во која централниот дел е посветен на доаѓањето на пролетта“, велат од „Танец“.

Концертот ќе биде мултимедијален, а публиката ќе може да ја проследи  и премиерата на новата кореографија „У ливаду“ на авторите Јовица Блажевски и Сашко Митев. Ќе бидат емитувани и тематски видеоинтермеца на етномузикологот Бранка Костиќ-Марковиќ, за чија изработка се користени материјали од архивите на МРТ, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Музејот на Македонија.