Велигденски концерт на “ТАНЕЦ” во МОБ

Сподели

 

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и годинава ја започнува концертната сезона со традиционален Велигденски концерт.
 
Овој пат, настанот носи една посебност, а тоа е програмата посветена на музичките партитури од кореографскиот опус на прерано починатиот првенец на „Танец“, Милан Завков.
 
На репертоарот ќе бидат кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои маестро Завков ги создаде заедно со својот долгогодишен колега од „Танец“, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, заедничка творба на маестро Завков со кореографот Дојчин (Стојче) Каранфилов.
 
Секако, на концертот ќе бидат изведени и повеќе вокално-инструментални точки, што заедно со кореографиите соодветно ќе не потсетат на повеќегодишниот придонес на нашиот колега Завков, во музичкиот репертоарен растеж на ансамблот Танец, од позиција на автор, аранжер, инструменталист и долгогодишен раководител на оркестарот.
 
Концертот ќе се одржи на 10 април во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, a билетите се во продажба на онлајн сервисот www.kupikarta.com и во Југотон. Овој линк директно ќе ве однесе до билет за концертот.