Велика Британија ќе започне со тестирање на вакцина против коронавирусот

Сподели

 

Велика Британија во четврток ќе започне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз луѓето.

„Ние даваме се од себе за да создадеме вакцина, инвестиравме повеќе пари од која било друга земја за да се најде вакцина“, изјави министерот за здравство, Мет Хенкок.

Тим од Институтот „Џенер“ во Оксфорд ќе започне со производство на вакцината пред да заврши тестирањето за да обезбеди милион дози до септември.

Владата ќе инвестира 20 милиони фунти за клинички испитувања во Оксфорд, а тестирањето ќе започне и на Универзитетот „Империјал колеџ“ во Лондон.

Вкупно 823 луѓе починале од коронавирус во последните 24 часа во Велика Британија. Бројот на починати изнесува 17.337. Бројот на заразени лица исто така се зголеми за 4.301, а пријавени се 129.044 случаи на коронавирус. Тестирани се 18.206 лица за 24 часа. Британската влада има цел да тестира 100.000 луѓе на ден до крајот на април.