Вело трка во Битола: Награда од 200 евра за најбрзите

Сподели

 

На 29. август, во Битола ќе се одржи вело трка, каде примарна цел е поттикнување на спортскиот дух на младите, како и унапредување на велосипедизмот во градот, кој судејќи по велосипедистите низ битолските улици е во голем подем.

 

Овие причини беа доволни за НВО ДОГМА да организира вело трка, каде младите над 14 години би се натпреварувале, а со котизација од 10 евра, можат да добијат 200 евра. Од таму известуваат дека трката е поделена на машка (20 км) и женска (15 км) трка.

 

Почетокот, како и самиот настан е предвиден да се случи на плоштадот Магнолија, а таму ќе има и музичка програма, освежувачки напитоци за учесниците како и чип кој ќе го мери времето во текот на трката.

Секој учесник може да се пријави на платформата “Smartrace.club”.

НВО ДОГМА е организација која се залага за подигнување на културната свест пред се’ кај младите луѓе, организирајќи настани чија цел е обезбедување опстанок на културата, уметноста и креативноста.