Поради велосипедското дефиле „Ден без автомобили“ што се организира во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019, денеска во Скопје ќе има изменет сообраќаен режим.
Дефилето го организира Град Скопје, а ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко“, по улицата „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булеварот ВМРО, потоа десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по булеварот „8 Септември“ и десно по булеварот „Илинден“ до Градски парк (Школка).
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.