Врз претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој држеше говор на една церемонија, извршен е бомбашки напад со дрон. Мадуро од нападот се извлече без повреди, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), во главниот град на Венецуела, Каракас, претседателот Мадуро држел говор. Во текот на неговото обраќање, извршен е напад со дрон на кој бил поставен експлозив.
Официјалните лица информираат дека Мадуро се извлекол без повреди.
Хорхе Родригез, министерот за комуникации, соопшти дека во нападот врз Мадуро се повредени 7 војници.
Министерот Родригез, посочувајќи дека Мадуро победил на изборите што се одржаа во мај оваа година, истакна: „По поразот на изборите, уште еднаш се неуспешни.“
– „Денеска изведоа обид за атентат врз мене“
По нападот, Мадуро ѝ се обрати на нацијата со зборовите: „Ова беше обид за убиство. Денеска изведоа обид за атентат врз мене.“
Мадуро рече дека според досега собраните докази, сѐ покажува дека нападот е изведен од страна на „екстремната десница“, додавајќи дека постои поврзанот на напаѓачите со Богота и Мајами.
„Фатени се дел од одговорните за нападот“, рече Мадуро, но не даде повеќе детали.
Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Диосдадо Кабело, на социјалната мрежа Твитер случајот го оцени како „терористички напад“ и истакна: „Десницата која не ги освои изборите, инсистира да го продолжи насилството на јавните места.“
Од друга страна, групата именувана како „војници кои носат маици“, на Твитер сподели објава во која ја презема одговорноста за нападот. Засега нема повеќе информации за групата чие име се слушна за првпат.
Минатата година, поранешниот полициски службеник Оскар Перез, со украден полициски хеликоптер фрли рачни бомби врз зградите на Врховниот суд и Министерството за внатрешни работи на Венецуела.
https://www.facebook.com/AAmacedonian/videos/1244586559011752/