Вчера СДСМ доби нов претседател, во една фер и демократска процедура на внатрепартиски избори социјалдемократите го избара д-р Венко Филипче за претседател на СДСМ, соопшти Викторија Аврамовска – Мадиќ, претседателка на ЦИК на СДСМ.
По завршувањето на гласањето во 20:00 часот од вкупно запишаните и 95% обработени, можеме да соопштиме дека Венко Филипче има 9052 гласа, Александар Бајдевски 905 гласа, Јован Деспотовски 2705 и Славјанка Петровска има 190 гласа. Неважечки се 174. Конечните резултати ќе ги објавиме во рок од 48 часа, согласно роковниците штом помине рокот за приговори и жалби.
Благодарност до ЦИК, сите чинители и членови на општинските изборни комисии, избирачки одбори, сите општински организации кој максимално се вложија, овој процес да биде легитимен, демократски во фер процедура.