Венко Филипче нов министер за здравство

Сподели

Неврохирургот Венко Филипче, кој во моментот е советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев, ќе биде новиот министер за здравство, пренесува МИА.

Со тоа, по двомесечна пауза, ќе се пополни изпразнетото место по повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата на Албанците. Таравари ја напушти функијата поради учество на локалните избори, на кои беше избран градоначалник на Гостивар.

Се очекува Владата да го достави предлогот до Собранието заедно со предлозите за останатите испразнети места за министер без ресор и заменик-министер за образование и наука.

Откако Арбен Таравари ја напушти функцијата министер за здравство, тоа место беше празно околу два месеца.