Весели Мемеди, потпретседател на Собранието најави дека ќе поднесе оставка на функцијата потпретседател, а оставки ќе поднесат и сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата, поради тоа што реконструкцијата на Заев го опфати и министерот за локална самоуправа, кој е кадар на НДП.
“Не може да има пазарења со министерството бидејќи ова министерство секогаш им припаѓаше на албанците. Немам мандат да го дадам ова министерство на СДСМ. Немам морално право да го жртвувам министер Сухејл Фазлиу, зад кој стои национална и верска елита. Не знам како СДСМ и ДУИ очекуваат да направам пазарење за ова министерство “, рече Весели Мемеди, претседател на НДП, повикувајќи ја СДСМ да ја повлече одлуката за разрешување на министерот Сухај Фазлиу и ДУИ од да не го поддржува овој предлог.