Вест која ги шокираше сите пред стартот на СП 2022 во Катар – Наместен бил првиот меч на домаќинот, а се знае и резултатот!

Сподели

 

 

Британскиот весник „Дејли мејл“ објави дека Катар подготвил голема измама на отворањето на Светското првенство.

фото: Shutterstock

Овој медиум објави дека Катар наводно веќе подмитил седум играчи на Еквадор да го загубат првиот натпревар.

Според нив, резултатот треба да биде 1:0 во корист на Катар, а голот да биде постигнат во вториот дел.

Истите извори пренесуваат дека приказната ја потврдиле петмина инсајдери од Катар и Еквадор, а Катар е подготвен да плати 7,4 милиони долари на споменатите играчи.

Катар е домаќин на турнирот, но не може да се пофали дека има посериозно фудбалско име. Официјално најдобар фудбалер на домашната екипа е Акрам Афиф кој настапува за белгиски Еупен.

Колку има вистина во овие тврдења на британскиот весник, ќе се покаже наскоро.

Катар и Еквадор играат на отворањето на Светското првенство в недела на 20 ноември од 17 часот.

The post Вест која ги шокираше сите пред стартот на СП 2022 во Катар – Наместен бил првиот меч на домаќинот, а се знае и резултатот! first appeared on Спорти.

Powered by WPeMatico