Движењето Беса и ДР-ДПА, се во исчекување на епилогот од преговорите на раководството на ДУИ. Тие засега не сакаат да коментираат дали партијата која доби 10 пратеници на изборите на 11 декември ќе направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која одбива да продолжи мандатот на СЈО и двојазичноста. Токму овие два услови се дел од заедничката декларација на албанските партии. Фљакрон Беџети од ДР-ДПА за ТВ21 изјави дека очекуваат и се надеваат дека ДУИ ќе се одлучи за најдобрата опција која ќе биде во корист на заедничката платформа на албанските политички партии.
Од Движењето Беса се изјаснија дека без официјален епилог за тоа со кого ДУИ ќе коалицираа, нема да коментираат ништо. Но, оттаму не потсетија на еден нивен принцип!
ТВ 21 ја контактираше и ДПА, но оттаму не добивме никаков одговор. Ако до 24 часот, ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да обезбеди парламентарно мнозинство за да формира влада, тогаш мандатот би требало да го добие СДСМ.