(ВИДЕО) Дете истрча на терен поради идолот, а Луис Енрике го спаси од обезбедувањето!

Сподели

Шпанските фудбалери ја совладаа Швајцарија со 1-0 во 3. коло од Лигата на нации, но гостувањето на „црвената фурија“ го одбележа еден детал кој немаше никаква врска со самата игра.

фото: TWITTER/@JOSXFCB/PRINSCREEN

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике по мечот во Швајцарија направи „итар“ потег кога спаси млад навивач кој истрча на теренот сакајќи да им пријде на играчите на својот тим!

На социјалните мрежи се појави видео од ситуацијата по натпреварот во кој Пабло Сарабија со својот гол им донесе победа на Шпанците.

Едно момче по натпреварот истрча на теренот, поради што редарите почнаа да го бркаат за да го фатат. Сепак, успеа доволно да им побегне, се додека Луис Енрике не реагираше.

Селекторот на Шпанија се израдува на момчето кое притрча во неговите прегратки, а потоа му дозволи да се поздрави со својот идол Марко Асенсио.

Фудбалерот на Реал Мадрид веднаш го соблече дресот и му го даде на момчето, па овој упад заврши на најдобар можен начин. А Луис Енрике покажа каков император е…

Еве како изгледаше тоа:

The post (ВИДЕО) Дете истрча на терен поради идолот, а Луис Енрике го спаси од обезбедувањето! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico