УФЦ борецот Џон Џонс не се борел од 8 февруари 2020 година, кога со судиска одлука го победи Доминик Рејс.
Оттогаш, го гледаме судирот на Џонс со Дејна Вајт (претседател на УФЦ) за пари, но и неговите подготовки да се искачи во тешка категорија по една деценија доминација во полутешка категорија.
Се шпекулираше и дека Џонс ќе ја напушти ММА академијата Џексон Винк, но тој се уште работи со тренерот Брендон Гибсон, кој за „Submission Radio“ зборуваше за следните предизвици.
,,Верувај ми, Џонс удира силно. Неговите вештини се уште се на највисоко можно ниво, атлетизам, сила, кондиција, се е на свое место. Мислам дека навивачите ќе бидат шокирани кога ќе го видат во тешка категорија – изјави Гибсон, тренерот на прославениот борец.
Имаше гласини дека Џон Џонс ќе дебитира во тешка категорија против Стипе Миочиќ, но засега нема официјална потврда…
The post (ВИДЕО) Џон Џонс е непрепознатлив – Навивачите ќе се чудат кога ќе го видат во тешка категорија! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico