(ВИДЕО) Ја остави конкуренцијата далеку зад себе – Овој јуниор е побрз дури и од Усеин Болт!

Сподели

Американскиот атлетичар Ерион Кингтон (18) викендов имаше неверојатен настап.

фото: Profimedia

Кингтон ја истрча трката на 200 метри со време 19,49 и со тоа стана светски рекордер во јуниорска конкуренција.

Сепак, еден факт е многу поважен. Младиот Американец дополнително успеа да го надмине и јуниорскиот рекорд на Јусеин Болт, кој во 2004 година истрча со време од 19,93.

Атлетската легенда од Јамајка го држеше тој рекорд долги години додека не се појави Најтон и ја разнесе својата конкуренција.

Инаку, во однос на сениорската конкуренција пред Кингтон се само тројца: Болт (19.19), Јохан Блејк (19.26) и Мајкл Џонсон (19.32).

Бидејќи Кингтон е побрз од Болт во јуниорска конкуренција, многумина предвидуваат дека младиот Американец би можел да надмине бројни рекорди на спринтерите од Јамајка.

Погледнете ја неговата рекордна трка….

 

The post (ВИДЕО) Ја остави конкуренцијата далеку зад себе – Овој јуниор е побрз дури и од Усеин Болт! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico